Неодоливи детски реакции пред омилениот џиновски оброк (видео)
Децата имаат огромен апетит и повеќе ја посакуваат храната со очите отколку со стомакот. Сакаат да пробаат;сѐшто им изгледа интересно и вкусно, иако често знаат да пробаат само еден залак и да го остават остатокот од јадењето.
Токму и со тоа е поврзано ова видео на кое ќе имате можност да видите како децата реагираат кога ќе им го донесат омилениот оброк во џиновска верзија.
Најпрво, децата ги прашуваат кое е нивното омилено јадење и секако како и сите деца тие набројуваат најразлични видови на пици, хамбургери, палачинки и слично. Потоа тимот кој стои зад оваа организација го приготвува нивниот омилен оброк во џиновска димензија и го носат пред децата.
Не е тајна дека токму брзата храна е омилена кај децата. Некои од дечињата веднаш се фрлија на храната додека другите остануваат зачудени некое време пред нивниот џиновски оброк.
Сепак, нивните реакции се бесценети. Ова видео дефинитивно ќе ви го развесели денот и ќе ве насмее.
Како вие би изреагирале на нешто вакво?