Корисни примени на маслиновото масло
Наместо да купувате отстранувач за шминка, нели би било подобро да користите природен отстранувач од кујната кој е поефикасен и подобар за вашето лице? Доколку се согласувате со ова, посегнете по маслиновото масло и направете го ваш лосион или отстранувач на шминка.
Освен за отстранување на шминката ова магично масло може да го искорисите и за други намени за кои досега сигурно немате слушнато.
Отстранување боја од вашата кожа
Маслиновото масло е одлично за отстранување на бојата од вашето лице или тело. Премачкајте го обоениот дел со маслиново масло и оставете пет минути да се впие. Потоа исплакнете со млака вода и сапун.
Полирање на мебел
Чудно, но вистинито. Маслиновото масло може да ви помогне да го светнете вашиот мебел, посебно дрвен без средство за полирање. Ставете неколку капки маслиново масло на крпа за полирање и поминете го мебелот со неа. Веднаш ќе заблеска.
Отстранување на шминка
Како што веќе напоменавме, маслиновото масло може да го корисите како лосион за отстранување на шминката. Натопете памук и отстранете ја шминката. Освен што ќе ја исчистите, вашата кожа ќе стане помека и посјајна.
Чистење на кожни обувки
Повеќе нема потреба да купувате специјално средство за чистење на вашите кожни обувки. Доволно ќе биде да натопите крпа со маслиново масло кое ќе ги исчисти вашите обувки веднаш.
Може да го користите и кај обувките од друг материјал. Премачкајте ги со маслиновото масло и ќе спречите пропуштање на вода во дождливите денови.
Лосион за тело и лице
Доволно е да ставите три капки маслиново масло во вашиот лосион за тело или лице и тој ќе стане многу поефикасен.
Доколку не користите лосиони, премачкајте го вашето тело или лице со малку маслиновото масло, а потоа истуширајте се со млака вода и сапун. Вашата кожа ќе заблеска.
Оштетени врвови на косата
Ако и вие тешко се справувате со оштетените врвови на косата кои ја прават груба на допир, веднаш купете маслиново масло и користете го еднаш неделно.
Ставете неколку капки на врвовите и косата на темето. Оставете еден час да се впие, а потоа исплакнете со вашиот шампон два пати. Врвовите ќе омекнат, а вашата коса ќе стане посјајна и поцврста.
Поцврсти нокти
Еднаш неделно турпирајте ги ноктите, бидејќи така ги отстранувате сите нерамнини и нечистотии. Потоа премачкајте ги со маслиново масло, претходно натопено на памук. Нанесувањето лак, после овој процес ќе ви стане неминовно полесено, а вашите нокти ќе добијат на цврстина.