Дали сте доволно храбри да го погледнете Чикаго од 305 метри висина?
Најновата туристичка атракција во Чикаго е наменета само за најхрабрите. Можност да го погледнете градот од една поинаква перспектива.
Од внатрешната страна во зградата John Hancock Tower на 94-от кат со висина од 305 метри, може да застанете на платформата која полека се движи, а вие сте речиси залепени на стаклото и се држите за метални шипки од страните.
Со оглед на тоа што прозорците се издадени нанадвор и навалени, кога ќе застанете ви дава чувство како да лебдите над градот. Уште ако се додаде и тоа дека платформата на која се стои има бавно движење во круг, дефинитивно ќе може да го почувствувате адреналинот.
Оваа атракција чини само 5 долари, доколку сте подготвени да ви се заврти умот или да уживате во глетката над Чикаго.
Би застанале на некој од овие прозорци?
Погледнете како изгледа Чикаго одозгора: