Подобрете си го животот за 2 минути
Не мора секогаш да размислувате за драстични промени кога сакате да подобрите нешто во живот. Некогаш е потребен само момент или само едно нешто што ќе направите и веднаш ќе се почувствувате подобро.
Кога и да имате можност, направете барем една од овие работи и ќе ја почувствувате разликата во расположението.
Воодушевувајте се
Доволно е да се најдете пред некој неверојатен пејзаж и веднаш ќе се почувствувате посебно и подобро. Доволни се само неверојатните предели и убавите работи околу вас.
Притиснете го третото око
Со прстите притиснете го силно местото меѓу веѓите на неколку секунди. Тоа ќе ве опушти и ќе ви ја намали нервозата.
Наместете го креветот
Овој мал гест ќе воведе ред во вашиот живот, барем за момент.
Погалете се со вашето милениче
Доволни се само неколку минути галење и за брзо ќе ви биде многу подобро. Хормоните на среќата ќе ги поттикнете веднаш.
Измасирајте ги нозете
Овозможете си масажа на стапалата сами на себе. Тоа брзо ќе се одрази на вашето добро расположение.
Запишете ги убавите мисли
Благодарноста е многу важно чувство. Запишете ги сите причини поради кои сте среќни.
Размрдајте се
Направете неколку брзи вежби со кои ќе се раздвижите и ќе се чувствувате подобро и поенергично.
Насмевнете се
Дури и ако не ви е до смеење, насмевнете се. Погледнете некое смешно видео, помислете на нешто интересно. Насмевката ќе направи да се чувствувате подобро.
Соберете некои билки и тревки со пријатни мириси
Докажано е дека мирисот од некои лековити билки може да влијае на вашето добро расположение или да ве смири. Затоа, добро е да имате неколку во просторијата каде поминувате најмногу време.
Излезете надвор
Макар и само на неколку минути, додека правите пауза на работа, добро е да излезете надвор и ќе се почувствувате подобро.