Тетовирањето одблиску: Допирот на иглата и треперењето на кожата (видео)
Ако тетовирањето ви претставува нешто мистично, страшно, болно, чудно или неразбирливо, сега можете одблиску да го погледнете секој потег и секој допир на машинката со кожата.
Еден тату-артист направил видео со забавена снимка на која буквално се гледа како трепери кожата под иглата на машинката, како се внесува мастилото и каква трага остава.
Секој допир со различни игли зависно од процесот на цртање контури или боење на поголема површина прави кожата да трепери како желе.
Некому тоа му изгледа одбивно, но некој ужива во чувството на допирот од машинка, скокоткањето или болката, зависно од местото на телото и времетраењето на процесот.
Сепак, интересно изгледа да го погледнете видеото: