Раат на плажа - најкреативниот изум на Nivea!
Во Сао Паоло е направена новата реклама за Nivea во која се гледа како на буквален начин компанијата на Nivea се грижи и ги штити децата. Во еден магазин, некаде на средината има цела страница реклама за промоција на новата заштитна крема со 60 заштитен фактор.
Но, не е само кремата во прашање. Она што го привлекува погледот е една третина од работ каде е исцртан часовник и обележан со мала истакната кутија за крема со вграден чип.
Тој дел од страницата има обележана линија по која може да се скине или исече овој дел и да се стави како рачен часовник на детето.
Преку поврзување со мобилна апликација, вие добивате контакт и може да го следите детето и да знаете до каде отишло доколку не го гледате.
Исто така, ако случајно е премногу далеку и тргнете да го барате, ќе добиете звучен сигнал кога му се приближувате.
На овој начин Nivea покажува вистинска грижа за своите купувачи.