Кој е цветот на вашето расположение?

Како би го опишале вашиот секојдневен мирис? Дали парфемот што го користите има цветна, дрвенеста, слатка или овошна арома?

koj-e-cvetot-na-vaseto-raspolozenie-1

Независно кој парфем го користите, сте знаеле ли дека неговите мирисни ароми доаѓаат од есенцијалните масла на овошјата, цветовите и билките, кои всушност имаат ефект на поттикнување на вашето расположение?

Одберете го омиленото и погледнете како неговата арома влијае врз вас.

Босилек

Босилекот не е само зачинска билка. Листовите и цутот на босилекот, кој е тропска билка и расте во Азија и Африка, даваат есенцијално масло со сладок мирис кое го подобрува расположението, го обновува изморениот ум и ја оттргнува меланхолијата.

Кедрово дрво

Кедровото дрво е есенцијално масло кое често се користи во изработка на машки парфеми. Има зачаден, мошусен мирис кој го доловува машкиот мирис, а истовремено помага во зајакнување на духовноста на оној што го користи.

Каранфилче

Мирисот од есенцијалното масло на каранфилчето се добива од неговите суви цветни пупки. Има жестока арома и миризливост која делува како антисептик. Дава чувство на удобност.

Лаванда

Лавандата е најпопуларното масло и ако ви се допаѓа слаткиот мирис на цветот, дефинитивно ќе имате корист од неговите релаксирачки и хармонизирачки ефекти на вашето расположение. Помага во елиминирање на стрес и мигрена.

koj-e-cvetot-na-vaseto-raspolozenie-4

Бергам

Есенцијалното масло од бергамот доаѓа од кората на јужно овошје, кое успева главно во Реџо Калабрија, Италија. Тоа произведува киселкав, цветен мирис, кој е исклучително освежувачки. Ја смирува депресиајта и ја намалува анксиозноста.

Јасмин

Цветот кој потекнува од Кина и Индија со својот егзотичен и сладок мирис ќе го подобри вашето расположение и ќе ви ги успокои нервите. Исто така ќе ви даде и самодоверба, чувство на оптимизам и еуфорија.

Иланг-Иланг

Сензуалниот мирис на цветот Иланг-Иланг од Индија има етерични ноти кои лесно се препознаваат во секој парфем. Има смирувачко дејство и ја зголемува сексуалната желба.

koj-e-cvetot-na-vaseto-raspolozenie-2

 Кој е цветот на вашето расположение?

Би можело да ве интересира:

8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Детали од секојдневието на Индијците што им се чудни на туристите Околу 11% од целото злато во светот е во сопственост на Индијките кои обично го ...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg