5 работи за бракот кои никој нема да ви ги каже искрено

Сите добро знаеме дека животот не е бајка. Колку и бракот да е круна на љубовта, има непријатни работи кои сите ги доживуваат, но се плашат да си ги признаат.

5-raboti-za-brakot-koi-nikoj-nema-da-vi-gi-kaze-iskreno-01

Вистина е дека ќе научите што е љубов и романтика, но понекогаш, ќе научите и што е лутина и разочараност.

Еве што сите упорно ви премолчуваат за бракот како заедница:

1. Некогаш во животов ќе се запрашате: Тоа е тоа? Засекогаш? До крајот на животот?

Кога сте пред олтарот, знаете дека сте ја нашле сродната душа со која ќе бидете среќни засекогаш. Но, по извесно време сосема нормално е да ги испитате одлуките кои сте ги направиле и патот по кој сте тргнале.

Разочарувањата и тагата се повеќе од можни во бракот. Реалноста е сосема поразлична од она што сте го замислувале - прифатете го тоа на време!

2. Ќе треба повеќе труд отколку што мислите

Бракот значи трпение. Ќе се привикнувате на туѓите навики, со мака која на крајот ќе се исплати. Можеби конечно ќе дојдат моменти кога ќе помислите дека се е на своето место, но не се радувајте премногу.

Подобро е да ги прифатите работите онакви какви што се, наместо постојано да се обидувате да ги промените.

3. Ќе легнете во кревет лути

Иако многумина препорачуваат да не заспивате лути, верувајте дека во бракот тоа ќе биде нормално. Понекогаш, дури и подобро отколку да ја продолжите расправијата.

Преспијте, смирете се и размислете. Сè е подобро кога ќе станете од спиење, отколку по напорно изминатиот ден.

4. Без секс подолго време? Возможно е.

Обврските во бракот си го прават своето, а стресот од секојдневието влијае исто кај сите, па желбата за секс често пати ќе се губи.

Но, во никој случај не заборавајте на бакнежите и прегратките - тие се поважни од сè друго!

5. Ќе сфатите дека можете да се промените

Со текот на времето ќе разберете дека полесно е да ги промените реакциите и навиките, отколку секојдневно да имате дебата на таа тема.

Трансформациите се секогаш возможни, само ако постои желба и добра причина.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg