Со детска радост и насмевка на лицето сакајте го животот

Понекогаш забораваме да му се радуваме на животот. Често нè оптоваруваат проблемите, годините, обврските времето. Во сета таа брканица, убавите моменти некако ги одминуваме и ги прегазуваме. Тие сепак постојат за да им се радуваме и за да нè потсетат дека сè уште постојат убавини во светот и животот.

so-detska-radost-i-nasmevka-na-liceto-sakajte-go-zivotot-01

Токму тие мали детали со големо значење треба да ги бараме и да ги чуваме. Не е важно колку години имате, ниту колку брчки и седи влакна. Зарем тоа е единственото нешто кое ќе го забележите во денот. ?

Престанете да си го правите животот неподнослив и игнорирајте ги сите негативни мисли. Разбудете ја детската радост во себе и со насмевка на лицето покажете му на животот колку го сакате. Тој ќе ви возврати двојно.

Правете малку работи, но квалитетно

Задачите и обврските одбирајте ги внимателно и планирајте го работниот ден. Не треба да претерувате со работата, но ниту со одморот. Ако правите од сè по малку ќе го имате вистинскиот рецепт за квалитетно завршена работа и со доволно енергија.

Ставете го пријателството на тест

Животот е краток за да го трошите со лоши или лицемерни пријатели. Ставете ги пријателите на тест и задржете ги само оние кои ќе го поминат, бидејќи само тие ќе останат покрај вас и во добро и во зло. Одбирајте ги и не дозволувајте да бидете опкружени со негативни луѓе кои ќе ви ги одземаат времето и енергијата.

so-detska-radost-i-nasmevka-na-liceto-sakajte-go-zivotot-1

Направете своја зона на комфор

Направете меур, простор кој е само ваш и кој никој не смее да го попречува или нарушува. Посветете си време за себе, своите мисли и чувства.

Правете работи кои имаат смисла

Животот е балансирање помеѓу работата и уживањето, но најважно е да имате цел. Луѓето се најпродуктивни кога го работата тоа што го сакаат или кога се трудат да достигнат некоја цел.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg