10 светски ресторани со прекрасен поглед кон хоризонтот
Рестораните ширум светот нудат прекрасни оброци, одлична атмосфера, но она што засекогаш ќе го запаметите е погледот кон океанот, планините или градските светла кој сте го доживеале.
Кога веќе патувате низ светот, не си го скратувајте задоволството за добар оброк, чаша вино и поглед низ прозорците или терасата.
Ресторанот „Asiate“ во Њујорк ќе ви овозможи феноменален поглед кон прочуениот Централ парк и облакодерите. Рај за љубителите на урбаниот метеж.
Ресторанот „Caldera“ на Санторини вашиот оброк ќе го зачини со поглед кон блискиот вулкански остров.
Ресторанот „Grotta Palazzese“ во Италија е сместен во внатрешноста на голема пештера, а посебна атмосфера создаваат брановите кои удираат во карпите под локалот.
Во подводниот ресторан „Ithaa“ на Малдивите додека вечерате ќе имате шанса да се чувствувате како во средината на опасен океан, о пкружени со риби и корали околу вас.
Ресторанот „Lе Panoramic in Chamonix“ е место кое треба да го посети секој плнинар. Самиот поглед ви го поткрева адреналинот.
Ресторанот „Sirocco“ во Бангког, Тајланд е место кое не смеете да го заобиколите во оваа егзотична земја. Ќе доживеете романтична атмосфера и поглед кон градот кој ќе ве освои.
Ресторанот „Shangri La“ во Сиднеј се наоѓа дијагонално од Операта и нуди поглед кон водените површини кои делуваат смирувачки и романтично.
Ресторанот „La Sponda“ во Италија и неговиот шарен поглед ќе ги остави без здив оние кои се во потрага по уникатна атмосфера.
Ресторанот „Two Oceans“ во Јужна Африка покрај локалните специјалитети нуди поглед кон огромното синило кое се губи во далечината.
Ресторанот „The Rock“ во Занзибар е најуникатното место кое ќе го посетите во животот. Минијатурното ресторанче е преполно со локални и морски специјалитети, зачинети со поглед кон тиркизна вода и бродови кои пловат.