Па што ако сакам старомодна врска?!

pa-sto-ako-sakam-staromodna-vrska-1

Се сретнуваат во ноќен клуб, опијанети и мислат дека тоа е љубов на прв поглед.. Можеби за некои навистина е, но за повеќето не.

Почнуваат да се гледаат, излегуваат тајно и после само два дена објавуваат врска на социјалните мрежи, бакнати со коментари – Те сакам најмногу на свет?! – Кога успеавте цел процес во една долга врска да го завршите само во два дена?

Можеби звучам старомодно, но сакам врска која ќе започне случајно на природно место. Сакам да ја почувствувам искрата. Не зборувам за онаа искра што се појавува кога сте пијани и ви се допаѓа момчето на спротивниот шанк.

Ја сакаам онаа искра од филмовите. Искрата која ја распламна љубовта, иако нереална, помеѓу Џек и Роуз во безвременскиот Титаник.

pa-sto-ako-sakam-staromodna-vrska-2

Сакам старомодна врска, да! Поврзана со зборовите од книгите на Паоло Кулејо за сродните души, бидејќи верувам дека за секој еден постои некој на светот кој ќе го направи среќен.

Сакам почеток на врска кој не се состои од лажење, импресионирање со пари и експонрање во јавност. Излегување на состаноци на кои не се случува ништо освен запознавање и држење за раце. Нели звучи интересно?

Искрено повеќе би ми годела прошетка во парк со личноста која ми се допаѓа отколку вечера во скап ресторан на која морам да се трудам да го импресионирам момчето со начинот на кој ја сечам пицата со нож, а умирам од желба да ја изедам со раце.

Најважната компонента на една врска покрај искреноста е да бидете тоа што сте. Пред да кажете да на друг, бидете сигурни дека вашето срце се согласува со одговорот.

Не е природно после два дена врска да имате секс со човек кого не го познавате. Доколку ова не го научите од туѓо искуство, на ваша кожа ќе биде многу поболно кога ќе се разбудите од сонот во кој живеете.

Што сакам ќе правам, животот е мој!

Вистина е дека животот е ваш. Токму поради тоа искористете го најдобро што можете и повеќе почитувајте се себеси. А под тоа се подразбира давање време на времето да ви ја испрати вистинската личност на која ќе и се предадете целосно, без сомневање.

Оставете го онлајн запознавањето или она во ноќните клубови и вратете се на старовремската љубов која започнува случајно, бидејќи таа е вистинската која ќе ви го исполни срцето и ќе ве направи среќни.

Уживајте во чувството да бидете освојувани, а да не се предавате така лесно. Во тоа лежи убавината во запознавањето на нова личност.

pa-sto-ako-sakam-staromodna-vrska-3

Чекајте го вашиот принц на бел коњ кој ќе ве изненадува со ружа без причина.

Додека го чекате, одморете се од пропаднатата врска без иднина и пуштете го сегашниот коњот на пасење. Пронајдете некој кој сака да ја доживее магијата на љубовта исто како вас.

Не се задоволувајте со помалку само поради другите кои можеби ќе гледаат на вас како старомодна личност.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg