Базен кој изгледа сосем нормално, сè додека не влезете во него
На прв поглед изгледа старо, оштетено и непривлечно. Кога ќе се приближите ќе посакате да влезете и да запливате во него, но внимавајте, може да се прелажете.
Холанѓанецот Јехун Бисерух е уметник кој се специјализирал за креирање оптички илузии на нешта кои ги гледате, а не постојат.
Еден од неговите последни проекти бил базенот кој ве привлекува да влезете во него, но не постои и не може да се плива во него.
Колку и да гледате во него, секогаш ќе верувате дека е тука и дека можете да влезете, додека не се обидете.
Сепак, ова не е само обична оптичка илузија или игра, туку вистинско уметничко дело, кое во себе крие уште две тајни.
Во самото дело се кријат претставени и двете најголеми трагедии во Јапонија: едно од последните цунами во регионот Сендаи и трагедијата од нуклеарната електрана Фукушима.
Оваа уметничка оптичка илузија влева почит за тоа какво дело креирал и каква суштина претставил овој уметник.