Детална анализа: Што открива вашиот ракопис?
Постојат повеќе од 5.000 стилови на пишување кои можат да го опишат карактерот на личноста, но доволни се само десетина за самите да направите темелна анализа.
Доколку пишувате мали букви - срамежливи сте и сконцентрирани.
Доколку пишувате просечни букви - лесно се прилагодувате.
Доколку оставате голем простор помеѓу зборовите - уживате во слободата и ретко кога сте во хаос.
Доколку оставате мал простор помеѓу зборовите - не сакате да бидете сами и настојувате да бидете опкружени со луѓе.
Искривеност на буквите
Неискривени букви - не им дозволувате на емоциите да ве совладаат, ја користите логиката и практичари сте.
Искривени во десно - сакате да запознавате нови луѓе и да доживувате нови нешта.
Искривени во лево - држите до себе и сакате да работите во сенка.
Облик на буквите
Овални букви - креативни сте и ја сакате уметноста
Шпицасти букви - агресивни сте, нервозни, интелигентни и љубопитни.
Поврзани букви - логично размислувате и внимателно донесувате одлуки
Буква Т
Црта на врвот - амбициозни сте и оптимисти
Црта на средина - самоуверени сте
Долга црта - ентузијаст сте, но и тврдоглави
Кратка црта - мрзливи сте
Притисок за време на пишувањето
Темно мастило - не ви е тешко да се посветите на нешто, но ако притисокот е голем, големи се шансите да се откажете.
Светло мастило - чувствителни сте и често искажувате емпатија.
Брзина на пишување
Бавно - Организирани сте и методични
Брзо - Нестрпливи сте и не сакате да губите време
Личен потпис
Лесно читлив - Посветена и отворена личност
Тешко читлив - Ја сакате приватноста и тешки сте за запознавање