Уникатна дрвена куќа ни на небо ни на земја (фото)
Куќа во која родителите спијат во мрежа, децата си играат во кафез, а надвор се излегува со тобоган. Изгледа неверојатно! Сè започнало со цртеж кој повеќе личел на подморница, отколку на куќа.
Но, оние кои верувале во идејата започнале да ја остваруваат и сето тоа полека да го добива својот лик.
Кога сè завршило, однадвор изгледало како некоја интересна покриена тераса.
Но, кога ќе ѕирнете внатре ќе останете занемени. Глетка која речиси никаде на друго место не можете да ја видите или можеби само во некој забавен парк.
Сè е изработено од дрво и трски, со интересни облици, кревети како кошници и соби со неверојатен поглед.
Има посебни места за забава на децата во специјални заштитени кафези исполнети со меки шарени перници.
Далеку од тоа дека ова е колиба во шума и нема допир со современиот свет. Овде еднакво добро е опремено со потребната техника, компјутери и интернет за да може да се извршува секоја работа, но при тоа да уживате во глетките.
Најинтересно од сè е излегувањето од оваа неверојатна куќа, преку тобоган.
Може ли да замислите поубаво и повозбудливо место за да избегате од досадното секојдневие меѓу четири ѕида?