За оние мрзливите: Трикови за полесно будење
Станувањето во раните утрински часови може да биде исполнето со нервози кои ќе се провлечат низ целиот ден. Но, денес обидете се да направите нешто поинаку.
Постојат најмалку 8 начини на кои можете да си го олесните станувањето и да си го разубавите денот.
Бидете возбудени за следниот ден - Пред да легнете испланирајте си го следниот ден во глава и мотивирајте се колку можете повеќе. Пронајдете барем една работа која со нетрпение чекате да ви се случи.
Буквално скокнете од креветот - Бидете ентузијасти и станете веднаш со првото ѕвонење на алрмот. Тие дополнителни 5минути во лежење само повеќе ви помагаат да разберете колку всушност не сакате да станете.
Поставете го алармот на другиот крај од собата - На тој начин кога ќе заѕвони секако ќе морате да станете од кревет и да одите да го исклучите.
Напијте се чаша вода - Хидратацијата веднаш ќе ве разбуди и освести, па нема да се чувствувате поспано, барем во наредните неколку часа.
Вежбајте - Колку и да ви звучи тешко, направете некои основни вежби за растегнување на телото штом ќе станете.
Мирис на кафе или чај - Ќе ви ги разбуди сетилата, па наутро не си го кратете уживањето во овие топли напитоци.
Легнувајте во исто време - За добро да се наспиете потребни ви се 7 до 8 часа сон, па затоа не претерувате со 12 часа сон.
Избегнувајте користење на пилули за спиење - Тие ги третираат симптомите, не причините. Постојат многу поздрави начини за убав сон наместо пилули.