Најпознатите филмски реченици

Филмовите фасцинираат, иснпирираат и забавуваат, но само некои имаат моќ да им се вовлечат под кожа на генерации гледачи со децении. Тешко е да се каже што ја создава таквата магија, но голема улога при тоа сигурно играат некои незаборавни реченици кои го наоѓаат своето место во популарната култура и секојдневниот говор.

najpoznatite-filmski-recenici-01

Ова се некои од најдобрите филмски реченици кои ќе ве потсетат на вашите омилени филмски моменти.

„Bond, James Bond“ – „Бонд, Џејмс Бонд“

Тајниот агент во служба на британската кралица има сè. Опкружен со манекенки, вози свои скапи автомобили, а покрај сето тоа е опасен фраер скриен зад маската на британската префинетост. Филмот за првпат се претстави во 1962, кога на големото платно го овековечи Шон Конери.

Познатата реченица која ја наследи Даниел Крег, „Јас сум Бонд, Џејмс Бонд“,  ќе остане запаметена уште долго време.

„Go ahead, make my day“ – „Ајде, разубави ми го денот“

Малку се оние кои со поглед ни ја замрзнуваат крвта во вените, а Клинт Иствуд е еден од нив. Со леден поглед, под намуртените веѓи и говор на телото што му дава смирена решителност, ја изговори оваа позната реченица со која ги наговори злосторниците први да пукаат, за да може мирно да ги убие. Филмот како што знаете се вика „Ненадеен удар“ и беше претставен во 1983.

„May the Force be with you“ –  „Бог да е со тебе

Многумина што религиозно ја употребуваат оваа реченица веќе со децении можеби и не знаат дека неа првпат ја употребил Оби ван Кеноби или Јода кој не верувал во постоењето на Силата – Хан Соло. Сепак, оваа реченица во филмот беше отскочна даска која ги натера милиони луѓе да веруваат во постоењето на Силата, посебно во Австралија.

Силата претставува така наречена Џедај-религија.

„I’ll be back!“ - „Ќе се вратам!“

И се врати. По оригиналниот „Терминатор“ од Џејмс Камерон уште двапати, иако двата пати како позитивец, не почести со уште едно враќање. Гувернерот на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, пред да се вклучи во политичките води, знаеше да сними и по некој добар филм. Оваа реченица самата стана популарна поради грубиот нагласок на Арни, а денес не постои личност што барем еднаш ја нема изглумено оваа закана.

Реченицата е избрана за најцитирана во историјата на кинематографијата.

Паметите ли уште некоја реченица која би сакале да ја додадете?

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg