Сте се запрашале ли што ве учи животот?
Со секој ден, со секој здив, со секое отварање на очите, животот нè учи на најразлични работи. Можеби сега тие работи изгледаат како ситници, но за неколку години ќе прераснат во животни лекции научени токму од начинот на кој го живееме животот.
На ваков или онаков начин, сите сме стигнале до точката каде не сме имале претства што понатаму и кој чекор е следен што треба да го направиме. Во таквите ситуации најдобро се откриваме самите себе, но и луѓето кои се во нашата средина.
До сега, сигурно научивте поголем дел од овие реченици:
1. Во животот најважна e среќата.
2. Игнорирајте го мислењето на другите за вас.
3. Одете полека и сигурно.
4. Помалку е повеќе.
5. Зборувајте со непознати.
6. Убавината се наоѓа во најнеочекуваните места.
7. Бидете благодарни за она што го имате.
8. Живејте го секој ден, како да е последен.
9. Следете ја вашата страст.
10. Парите не можат да ја купат среќатa.
Нешто да додадете?