Интересно толкување: Што значат движењата на вашата мачка?
Сопствениците на мачки знаат дека тие се дефиниција за мистерија. Додека ги гледаме почнуваме да веруваме дека ни самите не можат да го предвидат своето однесување.
Но, стручните лица не отстапуваат од толкувањето на нивниот говор на тело за на сопствениците што посоодветно да им го објаснат однесувањето на нивните миленичиња.
Наспроти научниците се самите сопственици и нивните претпоставки на значењата.
1. Мрдање со задникот
Научниците: Се поместува лево – десно за да може да ја пронајде идеалната положба во која може да нападне.
Сопствениците: Во задникот има сателитски антени преку кој прима тајни сигнали кои повремено треба да ги протресе за да ги ресетира.
2. Се поместува од едната на другата страна додека лежи
Научниците: Повик за игра
Сопствениците: Изела тешка тајландска храна и сега се обидува да ја свари
3. Трепка додека ве гледа
Научниците: Покажува доверба
Сопствениците: Одете во продавница, на вашата мачка ѝ требаат очила за сонце.
7. Ви го става задникот пред лицето
Научниците: Ова е нејзин поздрав
Сопствениците: Ви се фали колку убав задник има
8. Се стуткува додека спие
Научниците: Во оваа положба ѝ е најтопло и најудобно
Сопствениците: Ќе се менува времето
9. Тропка со предните шепи на подот
Научниците: Кога се мали, така прават додека цицаат и навестуваат дека наскоро ќе заспијат.
Сопствениците: Направила некоја штета па ги трие рацете.
10. Мачка-кифла, положба кога ги става рацете под телото
Научниците: Акумулира топлина додека шепите ги држи под градите
Сопствениците: Нервозна е и лута, смислува како да ви напакости.
11. Кога едната нога ја лиже, а другата ѝ е подигната
Научниците: Положба која ѝ овозможува најдобро да се исчисти.
Сопствениците: Симулира свиркање на необичен инструмент и ви покажува какого прави тоа.
12. Ви го покажува стомакот
Научниците: Покажува дека има доверба во вас.
Сопствениците: Бидете внимателни, тоа е замка. Знае дека тогаш најмногу сакате да ја чешкате и дека влакната на стомакот се секогаш најнежни, па нема да може да одолеете.
13. Гледа во празно со ококорени очи
Научниците: Нивните сетила се изострени и веројатно на овој начин се фокусира на некоја мува.
Сопствениците: Единствено таа може да види духови бидејќи има некоја супер-моќ.
14. Спие во кутија
Научниците: Чувствува сигурност
Сопствениците: Има криза на средни годинипа чека да ја спакувате во кутијата и да ја однесете на некое место каде што не била.
15. Додека се милува, воедно и ве гризе
Научниците: Тоа е дел од играта
Сопствениците: Таа има толку изострени сетила што чувствува дека имате некој вграден чип и сака да ве ослободи.
16. Седи над компјутерот и не ви дозволува да работите
Научниците: Компјутерот ослободува топлина која ѝ одговара.
Сопствениците: Свесна е дека седите пред компјутерот затоа што скате преку Фејсбук да се смирите со момчето/девојката кој/а ве оставил/а. Бидете ѝ благодарни бидејќи не ви дозволува да направите глупост.
17. Исчезнува
Научниците: Мачките многу добро знаат да се скријат
Сопствениците: Можеби патуваат низ времето. Во домот сигурно ви се наоѓа таен премин кој води до некоја друга земја. Не се грижете ќе се врати...