Денес е Меѓународен ден на среќата: 5 трикови како да бидете секогаш насмеани

Среќата може да се научи, извежба. Најдобар ден да започнете со вежби е токму денес, затоа што секој 20-ти март се прославува Меѓународниот ден на среќата.

denes-e-megunaroden-den-na-srekata-5-trikovi-kako-sekogas-da-bidete-nasmeani-01

Среќата е составена од секојдневни ситници на кои често пати не посветувате многу големо внимание. Но, ако сакате да бидете генерално посреќна личност, не ви е потребно многу.

Токму затоа, почесто применувајте ги овие трикови кои нема да ви ја симнат насмевката од лицето.

1. Прифатете се себеси - Низа истражувања укажуваат на тоа дека среќните луѓе го сакаат она што можат да го добијат и не тежнеат кон невозможни работи. Така најлесно ги избегнуваат разочарувањата.

2. Живејте во сегашноста - Не жалете за она што било, не успеало или било само лош избор. Но, не претерувајте ниту со фантазирањето и не ја идеализирајте иднината. Живејте сега, најдобро што знаете и можете.

3. Насочете ги мислите во позитивен правец - Среќните личности се вечни оптимисти. Кога победуваат се посреќни, но кога губат се помудри, не поразени.

4. Уживајте во она што го правите - Ова е најдобриот рецепт за среќа кој можете да го примените. Никогаш не правете нешто заради пари, слава или моќ.

5. Престанете да се грижите - Не ги прифаќајте работите премногу сериозно. Среќните луѓе не се грижат, затоа што се свесни дека 90% од класичните, секојдневни грижи никогаш не се остваруваат.

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg