Зборови кои треба да ги употребуваме почесто

Во моментите на слабост, разочарување или голема среќа, луѓето обично се затвораат во себе и не ги искажуваат своите чувства.

zborovi-koi-treba-da-gi-upotrebuvame-pocesto-01

Но, ако сакате полесно да ја намалите тагата, да ја зголемите среќата или да ја вратите надежта во вашето срце, не се срамете да ги кажете овие зборови:

Имам надеж

Секој човек поседува надеж длабоко во своето срце. Доколку го употребува зборот надеж и верува во неговата моќ, голема е веројатноста таа надеж да се претвори во вистина.

Јас можам

Никогаш не се откажувајте од вашите цели и соништа. И покрај препреките и потешкотии на патот до целта, кажете - Јас можам!

Гушни ме

Прегратката ја продлабочува врската меѓу луѓето. Независно дали се работи за љубов, пријателство, семејство или гушкање на миленичето, прегратката ве зближува.

Кога ќе почувствувате потреба да се гушкате само кажете и ги овие зборови на вистинската личност.

Те сакам

Само две зборчиња со големо значење. Не ги користете ако не ги чувствувате навистина. Кажете ги на вистинската личност во вистинското време и вие ќе бидете најсреќната личност во светот.

Ми недостигаш

Кога некој ви недостига, зошто да не се јавите и да му го кажете тоа?

Не ги испуштајте приликите да се зближите со личностите кои ви значат во животот. Не е ништо страшно доколку ги покажете своите слабости пред личностите на кои им верувате целосно.

zborovi-koi-treba-da-gi-upotrebuvame-pocesto-02

Сакам да научам

Бидете секогаш спремни за учење. Интересирајте се за нови работи, искуства, книги, патувања. Човек учи додека е жив, не го заборавајте тоа.

Извини

Кога ќе погрешите и знаете дека сте виновни, правилно е да се извините. Овој збор многу ќе ви помогне во животот, но само доколку не го користите пречесто.

Научете да го кажете во вистинскиот момент кога мислите дека може да ви помогне да си ја исчистите совеста и да го надминете проблемот.

Благодарам

Секогаш заблагодарувајте се за тоа што го имате. Така ќе добиете повеќе. Благодарноста е одлика на храбрите и одлучни луѓе кои знаат што сакаат во животот.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg