Осмелете се да го направите невозможното
Некој цар одлучил да ги тестира своите дворски слуги. Се собрале околу него моќни и мудри луѓе и тој им рекол: „Во недоумица сум и ме интересира кој од вас може да го реши проблемот“.
Ги одвел пред една огромна врата, толку голема што никој дотогаш немал видено таква.
„Ова е најголема и најтешка врата во моето царство“, објаснил царот. „Може ли некој од вас да ја отвори?“
Некои од далеку застанувале и одмавнувале со главата. Други, кои се сметале за мудреци се загледувале во вратата одблиску, но сепак признавале дека не знаат како да ја отворат.
На крај, сите се сложиле дека задачата е претешка и не можат да ја решат.
Тогаш, еден дворјанин, сепак, одлучил да се приближи до вратата. Ја загледувал, ја допирал, туркал, се трудел да ја помрдне...
Одеднаш, ја повлекол со сета сила и за чудо вратата се отворила. Била затворена, но не и заклучена. Единствено била потребна самодоверба и храброст за некој да се обиде да ја отвори без страв.
Тогаш царот објавил: „Ти ќе добиеш посебно место во дворецот. Не се потпре само на она што го гледаш, туку се обиде да го направиш она што на почетокот ти изгледаше невозможно. Затоа и успеа.“