7 корисни употреби на лимонот
Лимонот е едно од најпознатите овошја кои изобилуваат со минерали и витамини, важни за здравјето. Покрај популарните лековите својства од неговиот кисел сок кои освежува за момент, но за време на настинка никако не треба да се занемари ниту неговата кора.
Таа може да биде многу практична и корисна на различни места и во различни ситуации, затоа никако немојте да ја фрлате.
Здравје
1. Го снижува холестеролот и има детоксикациско влијание на организмот
Кората на домашниот непрскан лимон е извор на антиоксиданси, поточно нејзината бела внатрешност или кожичката која го покрива плодот. Таа изобилува со фалвоноиди кои го нормализираат холестеролот, а добри се и како природни чистачи на организмот.
Кората од лимонот може да ја изрендате и да ја прелиете со вода оставете ја да отстои неколку минути, а потоа исцедете малку лимонов сок. За чистење на телото се препорачува да се пие во текот на една недела, секое утро.
Убавина
2. Ја омекнува сувата кожа на лактите
Изренданата кора од лимон помешајте ја со 1 мала лажичка сода бикарбона, а потоа додајте неколку капки сок од лимон. Сето тоа измешајте го и кога можете премачкувајте ги лактите или сувите стапала.
3. Главна состојка за пилинг на телото
Пола лажица шеќер промешајте со изрендана кора лимон и додајте 1/8 лажица маслиново масло. Ваквата смеса размачкајте ја по целото тело додека не се впие и оставете ја да делува десетина минути. На крај, исплакнете се под млаз топла вода.
Домаќинство
4. Средство за дезинфекција на кујнската површина
Лимоновата кора има антибактериски својства поради кои е идеална за дезинфекција на кујнската површина. Се препорачува за чистење на кујнската даска за сечкање, која вообичаено се чисти со силни хемиски средства. Даската е потребно да ја прелиете со вода и да ја истриете со претходно изрендана кора прелиена со лимонов сок.
5. Природно средство за чистење на микробрановата печка
Во керамички сад додадете исечкана кора лимон и вода до половина сад. Така подготвената смеса ставете ја во микробрановата печка на највисока температура и оставете ја околу 3 минути за да се загрее. Од нејзината пареа ќе се исчистат тврдокорните дамки и ќе се неутрализира неугодниот мирис.
6. Го отстранува бигорот
Тенџерето во кое зовривате вода и површината на мијалникот лесно може да се исчистат од бигорот со помош на кора од лимон. Во тенџерето на најсилен оган ставете лимонова кора, 2 лажици сода бикарбона и 1 лажичка јаболков оцет, прелијте ја со 3 децилитри вода и ставете ја на оган. Штом зоврие, тргнете ја и со течноста прелијте на површината со бигор. Оставете ја да делува 10 минути и измијте со ладна вода.
7. Штити од инсекти
Со доаѓањето на пролетта, нашиот дом станува мамка за мравки и разни инсекти. За ќошевите да не станат нивни омилен дом, искористете ја лимоновата кора. На секоја резанка направете неколку засеци од кои ќе излезе малку етерично масло и ќе ги протера непожелните гости.