Жената која направи ГОЛЕМА промена

zenata-koja-napravi-golema-promena

Мора да признаеме, дека жените низ минатите векови се покажаа како најдобри пронаоѓачи на изуми, рамо до рамо со мажите. Иако ги користиме тие изуми секојдневно, воопшто и не знаеме кој истите ги измислил.

Дали некогаш сте се запрашале кој ја измислил машината за садови?

По купувањето на машината, сигурно сте почувствувале големо ослободување, по што и вашето слободно време го користите надвор од кујна (особено ако сте „новопечени” родители).

Заслугата за овој изум припаѓа во рацете на жената Џозефина Кочрејн. За неа е познато дека припаѓала на фамилија со богата историја и успеси.

Порасната во луксуз и богатство, ја создава денес најупотребуваната машина за садови. Откако таа ќе приредила забава во нејзиниот дом, нејзините домашни помошнички невнимателно ги миеле садовите и ги кршеле.

Сакајќи да го заштити својот скап, кинески порцелан ги отпушта помошничките и започнува самата да се грижи за садовите. Подоцна сфаќа дека тоа е тешка задача и изјавува:

„Доколку никој не ја измисли машината за садови, тоа ќе го сторам јас”.

Токму тоа и се случило. Процесот на создавање траел долго, и откако ја конструирала, ја освоила наградата за „Најдобра Механичка Конструкција”.

Отпрвин, оваа машина била купувана од страна на големите, реномирани ресторани и хотели. Пресвртот се случува кога машината била откупена од компанијата Хобарт, која започнува со отворање на сосема нова линијата наречена - „Кујнска помош”.

Мора да се согласиме дека оваа направа заштедува големо време, а и тој период е значаен за борбата на жените за еднаквост со мажите и за правото на глас.

Така, Џозефина е прогласена за хероина и шампион меѓу жените.

Би можело да ве интересира:

8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg