Пролетта ќе ве потсети на работи кои не ги забележувавте досега
Како што одминува зимата и едвај чекаме да дојде пролетта, забораваме што сè оставаме и кои работи досега не ги забележувавме, а наеднаш почнуваат да ни пречат.
Колку што може да биде убава пролетта, толку може да има и причини поради кои ќе почне да ни недостига зимата.
1. Колку ви е всушност валкан капутот!
2. Птиците наеднаш се многу погласни и ги слушате по цел ден!
3. До следната зима не сакате ни да видите ни да пробате супа!
4. Забележувате дека вашата кожа поцрвенува и гори само по 20 минути на сонце!
5. Одеднаш забележувате дека многу повеќе деца трчаат по вашата улица.
6. Некако сте заборавиле како ви изгледа кожата и телото под сите тие слоеви облека.
7. Имате вишок време наутро, бидејќи не треба да чекате прво да ви се загрее автомобилот.
8. После неколку недели топлина, веќе ви недостигаат вашите широки зимски пижами.
На што ве потсетува вас пролетта? Споделете со нас во коментарите!