7 работи кои задолжително треба да ги проверите пред да го напуштите домот

Дали имате листа на задачи кои задолжително треба да ги проверите пред да излезете од дома?

7-raboti-koi-zadolzitelno-treba-da-gi-proverite-pred-da-go-napustite-domot-01

Ако не, еве неколку совети на што би требало да го задржите вашето внимание 5 минути пред да ја заклучите вратата:

1. Клучеви - Најдобро е да ги чувате непосредно до вратата и да ви се постојано на дофат на рака. Ќе заштедите најмалку 5 минути, наместо да се враќате, да проверувате и да заклучувате со задоцнување.

2. Изглед - Колку и да сте во брзање, пронајдете барем 10 секунди да се погледнете во огледалото пред да излетате од куќата. Не сакате на половина пат да сфатите дека ви недостасува едно копче или карминот ви се размачкал.

3. Исклучете ги сите електрични апарати - Активност која ќе ви одземе 3-5 минути, а може да ви спаси живот.

4. Паричник - Една од најнепријатните работи која може да ви се случи е да застанете на каса, а во тој момент да не можете да си го пронајдете паричникот. Затоа, најпаметно е да го чувате веднаш до клучевите и секогаш да ви е на дофат на рака.

5. Погледнете се што носите - Неретко се случува да облечеме различни чорапи, шал кој не ни одговара, потемна или посветла маица од потребното, само затоа што сме во недостаток на време. Затоа, погледнете се уште еднаш.

6. Проверете дали миленичето е на своето место - Ако имате маче или кутре кое повеќе време минува дома, погрижете се да не го заклучите надвор.

7. Временска прогноза - Секогаш, ама буквално секогаш проверувајте. Симнете апликација за временска прогноза, затоа што никогаш не е забавно да излезете без чадор, соодветна топла облека или очила за сонце.

Би можело да ве интересира:

7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg