Пет типови пријатели кои секој маж мора да ги има
Пријателите се значаен дел од животот и на мажите и на жените. Како што жените имаат неколку пријателки кои им се неопходни во животот, така и секој маж треба да има некои типови пријатели кои му се неопходни во одредени моменти.
Добро е да имате кому да се јавите за совет, кој да ве поддржи, да ви го олесни работното секојдневие, да ви даде практичен совет или да ве натера да започнете да спортувате.
Ментор
Во животот на секој маж од време на време доаѓа до потребата за квалитетен соговорник кој може да му даде некој добар совет. Без оглед на тоа дали се работи за постара личност или некој кој размислува посериозно и позрело за животот, важно е да имате на кого да му се обратите кога нешто ќе ви тргне наопаку.
Покрај добриот совет, кога ќе забележи дека сте тргнале во погрешен правец , менторот ќе ви даде правилна насока и конструктивна критика.
Ваквиот пријател сака да станете подобар човек и затоа понекогаш ве опоменува без оглед на тоа што може и да му се налутите. Но, на крајот секогаш ќе знаете дека неговите критики биле добронамерни.
Поддршка
Кога сте сингл, тоа е пријателот кој ќе разговара со пријателката на девојката која ви се допаѓа или кој ќе ве пофали пред група девојки со кои разговарате. Овој пријател ќе ви помогне да се ослободите од стресот и стравот за приоѓање на девојките и ќе ви помогне полесно да започнете разговор.
Кога ќе се двоумите за да преземете чекор, тој е оној кој ќе ве убеди и охрабри.
Колега од работа
Многу луѓе поминуваат над 40 часа неделно на работното место, затворени во канцеларии. Многу е важно во таквото работно опкружување да имате пријател со кој може полесно да ги поднесете тие долги часови.
Не сакате секој ден сами да одите на паузи и секогаш да јадете исти оброци. Тоа не е личност која мора да ви биде најдобар пријател, туку онаа личност кој пред сè служи да ви го олесни времето кое го поминувате на работното место.
Мајстор за сè
Мајстор е онаа личност која знае сè. Тој може да ви помогне околу куќните работи, ќе ви помогне во подготвување на скара, ќе ве посоветува на што да обрнете внимание при купување автомобил или ќе ви каже финта како да отворите пиво на сто начини.
Сличен е на менторот, но не е теоретичар, туку дава практични совети. Голема предност е тоа што од него може да научите многу корисни работи кои ќе ви се најдат во животот.
Спортски тип
Овој тип пријател живее за спортот. Тој може да извози стотина километри со велосипед, да истрча маратон како од шала, да се занимава со екстремни спортови и секогаш ќе ве повика со себе. Тој е зависник од спорт кој секогаш ќе внесува многу адреналин и инспирација в вашиот живот.
Добро е да го имате, за секојпат кога ќе сакате да избегате од секојдневието и да имате вистинско друштво за полнење на батериите без да мислите на сите обврски.