Она што го пронајде на Google Street View засекогаш му го промени животот
Ако барем еднаш сте користеле Google Maps Street View, јасно ви е како изгледа деталниот поглед кон вашиот двор или некој соседен.
Но понекогаш, таа забава може да се претвори во најпрекрасната приказна која сте ја доживеале.
„Обично, кога ми е досадно, сакам да ги разгледувам уличните погледи околу моето маало. Неодамна го контактирав и мојот брат кој ја има истата навика. Ми кажа дека додека разгледувал неколку куќи, ја пронашол куќата на нашата баба. И навистина е ретко да уловите некој кого го знаете со Google камера. Необично, но сосема случајно ја здогледал нашата баба како седи на скаличките, си чита весник и ужива.“
„Пријатно се изненадив, затоа што тоа беше една од последните фотографии од нашата баба, која почина само неколку месеци подоцна. Мислам дека моментот и фотографијата се неверојатни. Можеби на вас не ви значи многу, но сакав да го споделам ова искуство кое ми ги промени спомените за неа.“