Несекојдневна глетка: Разиграни танчери низ улиците на Њујорк
Њујоршкиот фотограф Џордан Матер започнал забавен проект во кој веќе 3 години ги следи танчерите од студиото Paul Taylor Dance Company, кои на познатите локации во оваа метропола им даваат сосема поинаков изглед.
Танчери кои буквално летаат во воздухот, вртат пируети, прават шпаги додека го испиваат утринското кафе, читаат книга, пеат под туш, ручаат во ресторан...
Без фотошоп и дополнителни трикови, фотографиите ја слават убавината на телото во движење, безгрижност и пред сè активниот живот.
Благодарение на социјалните мрежи овој проект шири фантазија и заразен оптимизам, а во продолжение имате можност да ја погледнете галеријата во целост: