Професорка на универзитет ја напуштила работата за да стане секси танчарка на шипка (видео)
Ребека Слејн е доцент на медицинска хемија, најдобра студентка во класата и професорка на факултетот по медицина во Сандерленд, Велика Британија.
За време на своите докторски студии во потрага по физичка и ментална рекреација го открила танцот на шипка, кога се воодушевила од една австралиска танчарка.
На почетокот се занимавала само за рекреација, но подоцна толку се окупирала и сакала постојано да го прави тоа, што веќе не можела да си го согласи времето за предавањата на факултетот и времето за танц.
Кога дошла до момент дека треба да одбере и да се откаже од нешто, без многу размислување го одбрала танцот околу шипка и ја напуштила работата како професорка на медицинскиот факултет.
Додека сите ја сметаат за луда од доктор на науки да стане разголена секси танчарка во ноќни клубови, таа изјавува дека ја сака науката и својата работа, но тоа почнало да ја гуши и смета дека ова е нејзина најдобра животна одлука.
Досега веќе имала настапи низ цела Британија, учествува на натпревари и држи часови по танц за 150 ученици неделно.
Погледнете како танцува: