Ресторан во кој треба да чекате 5 години за место. Погледнете зошто! (видео)

Познато ни е дека низ светот постојат многу ресторани кои нудат нешто различно и ексклузивно и каде тешко се наоѓа место, па треба неколку дена однапред да резервирате. Но, за разлика од ваквите ресторани, постои и еден каде за место треба да чекате цели 5 години. Ќе се прашате зошто?

restoran-vo-koj-treba-da-cekate-5-godini-za-mesto-poglednete-zosto-video-01

Во подрумот на ресторанот Бистро се служат автентични специјалитети кои не можат да се најдат на ниедно друго место. Дајмон Барел е сопственик на истоимен ресторан во Њујорк, кој многу порано бил познат како Бистро во подрумот.

Тој е истовремено и готвач и помошник готвач, келнер, бармен, градинар и сè што е потребно за функционирањето на еден ресторан.

Сè што е понудено во неговиот ресторан доаѓа од неговите 12 хектари обработлива земја.

Овој ресторан се наоѓа во подрумот на неговата куќа и има точно 12 маси. Но, никогаш нема доволно место за сите кои сакаат да го посетат.

Со оглед на потребното време за подготвување на специјалитетите кои се нудат, гостите за кои нема место мора да почекаат 5 години, за да се подготват следните порции.

restoran-vo-koj-treba-da-cekate-5-godini-za-mesto-poglednete-zosto-video-2

restoran-vo-koj-treba-da-cekate-5-godini-za-mesto-poglednete-zosto-video-5

Иако никогаш немал професионална обука, Барел е мајстор за молекуларна гастрономија.

Еден од неговите специјалитети, што веројатно е и причината зошто сите сакаат да јадат во овој ресторан, е сладоледот во корнет од желади и шишарки. Во овој корнет се служи сладолед од домати.

Желадите и шишарките откако ќе се наберат се потопуваат во вода и таму остануваат неколку месеци. Откако добро ќе се исушат, Барел ги претвора во прав од кој прави корнети.

restoran-vo-koj-treba-da-cekate-5-godini-za-mesto-poglednete-zosto-video-1

restoran-vo-koj-treba-da-cekate-5-godini-za-mesto-poglednete-zosto-video-6

Еден оброк во просек чини 185 евра, без вклучен пијалак и бакшиш, за оние кои се заинтересирани патуваат и по три часа само за да пробаат еден поинаков специјалитет.

Не е мал ниту бројот на оние кои доаѓаат со авион само за да се уверат дека навистина постои такво нешто.

Затоа, не е чудно што просечна годишна заработка на овој ресторан е 550.000 евра.

restoran-vo-koj-treba-da-cekate-5-godini-za-mesto-poglednete-zosto-video-3

restoran-vo-koj-treba-da-cekate-5-godini-za-mesto-poglednete-zosto-video-4

Во ова видео погледнете ја изработката на еден од специјалитетите:

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Како изгледаат 14 славни мажи и нивните синови на иста возраст? Бруклин Бекам, кој неодамна наполни 25 години, не се разликува многу од неговиот...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg