Срушени ѕидови кои кријат друг свет
Ако ги погледнете овие ѕидови сигурно ќе посакате да им се приближите и ако може да влезете низ нив. Ќе сакате да видите што е тоа што се крие зад нив, а ви изгледа како сосема друг свет.
Нема да одолеете, а да не се прашате како е можно да има скриена стара градба зад ѕидините на навидум обичната зграда која ја гледате.
Сигурно би се приближиле, но внимавајте, не се затрчувајте затоа што ќе се изненадите. Целиот тој друг свет е само обичен ѕид со необична уметност.
Имено, уличниот сликар Џон Паг е светски познат уметник кој црта неверојатни тридимензионални уметнички дела на ѕидовите од старите градби низ градот.
Ваквите неверојатни илузии Џон ги црта уште од 1970 година и неговиот стил е познат како „Раскажувачки илузионизам“,
Погледнете ги уличните ремек-дела: