Знаете ли да подготвите совршeн помфрит?

znaete-li-da-podgotvite-sovrsen-pomfrit-1

Еден од омилените прилози во повеќето оброци се пржените компири т.е. помфритот. Одличен е во сендвичи или како прилог со парче месо. Исто така може да биде и одлично вкусно мезе со рендано сирење и кригла пиво.

Но, знаете ли да подготвите совршен помфрит? Оној кој е добро испржен, без премногу масло и доволно крцкав?

За тоа постои еден трик. Половина час пред планираното време за јадење излупете го и исечкајте го компирот и ставете го во ладна вода да постои барем дваесетина минути.

Откако ќе го исцедите, задолжително ставете го во памучна крпа за да ја впие водата и да не ви се распрска маслото штом го ставите.

Добро е ако можете да го пржите во поголемо тавче каде ќе ви ги собере сите компири наеднаш за да не ви преврие маслото до последната тура.

Вкусот ќе го подобрите ако ставите помалку масло и парче путер.

Кога ќе биде готов, ставете го во чинија на која претходно имате ставено хартиена салфетка која ќе го впие вишокот масло.

Вака подготвениот помфрит посолете го по желба, а може да му додадете рендано овчо сирење и вистински да уживате во совршениот помфрит.

znaete-li-da-podgotvite-sovrsen-pomfrit-2

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
Трикови за да откриете дали накитот што го купувате е вистински или копија? Знаете ли дека вистинските бисери имаат рапава површина, а не мазна и дека траги...
Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот? Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg