Сте се скарале со пријателите? Неколку работи што треба да ги знаете!

Понекогаш прекинот на некое пријателство ни е неопходен, бидејќи ни помага да сфатиме дека се менуваме и растеме. Понекогаш и не постои некоја конкретна причина, но сепак после некое време сфаќаме зошто било добро тоа да се заврши.

ste-se-skarale-so-prijatelite-nekolku-raboti-sto-treba-da-gi-znaete-01

Покрај љубовните раскинувања, често се распаѓаат и пријателства. Од различни причини, а понекогаш и мала ситница може да биде повод за прекин на долго пријателство. Дали ќе дозволите да се распадне некое пријателство или не, зависи од вашите размислувања и ставови. Барањето причина е само повод. Но, има неколку работи за кои треба да сте свесни доколку ви се случува такво нешто:

1. Потребни се

Растеме и се движиме, а со тоа се менуваат и нашите интереси и ставови. Па, така, понекогаш некои пријателства се неопходни да завршат и други да почнат. Ни помагаат да прифатиме дека се менуваме и пораснуваме, па сфаќаме дека некои работи повеќе не се вредни за нашето внимание.

2. Понекогаш не постои причина

Тоа се оние пријателства за кои никогаш нема да можете да објасните зошто се распаднале бидејќи ни сами не знаете зошто. Но, веројатно, така треба и така е подобро. Понекогаш причината се открива многу подоцна, кога не можете и не сакате да ја промените.

3. Ќе ви недостигаат

Какви и да биле, уште некое време ќе се потсетувате на заедничките работи и моменти. Но, пред да паднете во депресија, сетете се дека околу вас секогаш има луѓе со кои може да ги правите истите работи, а можеби и подобри.

ste-se-skarale-so-prijatelite-nekolku-raboti-sto-treba-da-gi-znaete-1

4. Девојки, бидете дами

Борбата меѓу скараните другарки која може да се види на американските тинејџерски филмови, не се она што треба да го следите. Таквото однесување е детско и срамно. Покрај тоа, залудно е. Сигурно ќе зажалите, а и останатите пријатели ќе се запрашаат за вашиот однос.

5. Извинување

Во некои ситуации понекогаш е тешко да признаете дека сте виновни. Со ладна глава размислете за сè и ако бидете свесни дека сте виновни, извинете се. Доблест е да знаеш да се извините и да си ја признаете грешката, ако навистина сакате да продолжи пријателството. Ако извинувањето не биде прифатено, барем ќе биде 100 проценти сигурни дека сте направиле сè што сте можеле.

6. Никогаш немојте да се карате поради момче/девојка

Многу потешко е да најдете вистински пријатели, отколку вистинска љубов. Зошто тоа да го уништите поради некој кој може да ве напушти многу побрзо и полесно? Едноставно, не вреди за да се расипе долго пријателство, само поради трети луѓе. Размислете дали е проблемот до третата личност или има нешто подлабоко. Внимавајте да не зажалите.

Што сте научиле вие од распаднатите пријателства?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg