Инспиративна реклама за Guinness која може да ја погледнете само денес! (видео)
Пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи, компанијата на ирското пиво „Guinness“ објави емотивна реклама во која главни ликови се двете сестри близначки Трејси и Лени Барнс, светски првенки во биатлон.
Нивната вистинска животна приказна била одлична идеја за реклама која ќе пренесе трогателна порака.
Со само една едноставна фотографија и десетина зборови ќе успеете да почуствувате огромен број на емоции кои ќе се помешаат некаде длабоко во вас.
Ако не сте запознаени со нивната приказна, погледнете ја што поскоро, затоа што рекламата ќе биде достапна за јавноста само до полноќ, по што ќе биде повлечена бидејќи Guinness не е спонзор на Зимските олимписки игри во Сочи и не смее да прикажува реклами во кои има дел од учесниците.
Искористете ја оваа шанса и погледнете ја додека има време: