Какви ви се усните таков ви е карактерот
Верувале или не, личноста која не ја познавате може да ја „прочитате“ преку нејзините усни. Со оглед на тоа што е докажано дека нивната големина и облик многу зборуваат за нечиј карактер, истото може да го проверите и на себе.
Не ви се потребни посебни способности, ниту големо искуство со луѓето за да откриете каков им е карактерот. Доволно е само да се загледате во усните, тие ќе ви откријат многу.
Полни усни
Ако имате полни усни, тие покажуваат дека сте страсни и дека ќе направите сè за личноста која ја сакате. Од партнерот очекувате страст и одлучност. Полни сте со самодоверба и храброст. Духовити сте и забавни.
Тенки усни
Вие сте практична личност, но и несигурна. Веројатно патите од комплекс на пониска вредност. Мирни и стабилни личности сте кои многу обрнуваат внимание на детали. Иако делувате срамежливо и сакате да се држите на страна, кога се големите борби и расправии во прашање, од нив излегувате како победник. Вие сте блага, чувствителна и интуитивна личност.
Широки усни
Перфекционисти сте, друштвени и имате многу пријатели со различни интересни. Личностите со широки усни се успешни, талентирани и сакаат да ги држат сите конци во свои раце.
Округли усни
Вие сте благодарна и шармантна бунтовна личност, склона кон жешки љубовни авантури.
Срцевидни усни
Вие сте заводливи и сензуални. Независни сте и полни со самодоверба. Не се плашите да ја преземете судбината во свои раце и имате изразена потреба за љубов и добрина.
Усни спуштени надолу
Таинствени сте, но вас луѓето ве сметаат за интелигентна и духовита личност. Пребирливи сте, па тешко може некој да ве задоволи.