Дневна доза љубов (17)
Малото џуџесто мајмунче живее во амазонските дождовни шуми во Јужна Америка. Тоа е толку малечко, што тежи само 110 гр до 140 гр, а во должина расте најмногу 15 см.
Може да го чувате во вашата дланка, а тоа да ве гледа мило со неговите крупни тркалезни очиња. Со меко крзно кое ве предизвикува да го погалите и да уживате во неговиот допир.
Малото мајмунче е толку плашливо и беспомошно што цврсто со рачињата може да се држи за вашите прсти на дланките.
Една посебна љубов и грижа кои мора да ги почувствувате. Животинче кое ќе ви го стопли срцето и ќе ве разнежни.
Ќе сакате силно да го стиснете во прегратка, но доволно е само да го поклопите со двете дланки и тоа ќе се чувствува заштитено, нема да биде плашливо, а можеби ќе си најдете уште едно ново пријателче.
Љубов за која не се потребни зборови, туку само еден допир или поглед, тоа е таа искрена, безрезервна и безусловна која секој ја посакува.