Карактерот на вашето дете според редоследот на раѓање
Психолозите веруваат дека раѓањето на детето има големо влијание на неговиот карактер. Најистакнатиот психолог кој посветил многу внимание на влијанието на редоследот на раѓање е австрискиот лекар и психијатар Алфред Адлер.
Проверете дали се пронаоѓате во следните карактеристики:
Првородено дете
Карактеристики
- самоуверени
- грижливи
- систематични
- внимателни
- освојувачи
- сакаат да контролираат
Првородените деца се природни водачи. Тие улогата на водич ја преземаат од своите родители и се трудат сè да биде по правила. Токму поради тоа им е многу тешко да ги признаат своите грешки. Првородените деца се и перфекционисти и не сакаат изненадувања. Сакаат секогаш сè да биде под нивна контрола. Понекогаш може да бидат агресивни, но претежно сакаат да им угодуваат на другите луѓе и поддршката им е многу важна.
Многу водители и претседатели на држави се првородени деца во семејството.
Средно дете
Средното дете според редоследот на раѓање најчесто се чувствува како да е изоставено. Се прашува: „Не сум најмлад, не сум најстар. Кој сум јас?“ Детето кое е во средина себеси се пронаоѓа меѓу луѓето имајќи предвид дека вниманието на родителите вниманието најмногу им е насочено кон најмладото или најстарото дете.
Карактеристики:
- сака да им угодува на луѓето
- умерен бунтовник
- има многу пријатели
- миротворец
Децата кои се наоѓаат помеѓу најстарото и најмладото братче или сестриче сигурно ќе бидат спротивни од првородените деца. Средното дете чувствува како не му се обрнува доволно внимание и затоа често е таинствено. Не зборува многу за своите мисли и чувства. Средните деца не се чувствуваат посебно во своето семејство и затоа пријателите им играат важна улога во животот. Првороденото дете можеби ќе биде директор на некоја компанија, но средното дете може да биде претприемач.
Најмладо или последно дете
Слободниот дух е карактеристика која го опишува последното и најмладо дете. Родителите заземаат релативното лабав став кон последното дете. Тоа е „бебето“ во семејството.
Карактеристики:
- великодушност
- едноставност
- манипулативност
- друштвеност
- отвореност
- бара внимание
- себичност
„Бебињата“ во семејството се најголеми расипници. Тие едноставно сакаат само добро да се забавуваат. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и затоа не зачудува што многу од истакнатите холивудски комичари се најмлади во нивните семејства (Џим Кери, Стив Мартин, Били Кристал)
Иако поседуваат шарм кој ги освојува луѓето, може да бидат и вешти манипулатори и разгалени. Никој не ги вика по име, туку по прекар, иако некои имаат и над 30 години.
Единствено дете
Да се биде единствено дете во семејството е многу посебно. Имајќи предвид дека тоа дете нема конкуренција, единственото го поседува сето внимание од своите родители. Единственото дете има карактеристики како „супер првородено дете“. Тие ги имаат сите привилегии и сето внимание и поддршка од своите родители.
Карактеристики:
- зрели за своите години
- перфекционисти
- совесни
- внимателни
- водачи
Исклучоци
Измешани семејства кои настануваат после разводот на родителите, втор брак, посвојување и слични ситуации може да имаат големо негативно влијание на децата. На пример, детето кое за време на растењето било најстаро или единствено, со спојувањето на две семејства можеби ќе мора да се навикне на фактот дека веќе не е единствено или најстаро дете. Тогаш се создава замена на улогите и детето кое било на врвот сега станува „бебе“ и почнува да бара многу повеќе внимание од своите родители.
Меѓутоа, иако му е одземено местото на најстарото, најмладото или единственото дете во семејство, тоа нема да влијае или да ја промени неговата дотогаш изградена личност. Психолозите веруваат дека процесот на креирање на личноста кај детето завршува околу петтата година. Поголемиот дел од личноста до тогаш е веќе формиран.
Близнаците се појава која се развива и постои надвор од системот според редоследот на раѓање. Тие се една целина и така се претставуваат. Близнаците секогаш ќе ја заземаат позицијата на првородени деца.
Големи разлики во годините исто така треба да се земат предвид. Доколку разликата е пет или повеќе години, се создава друго семејство. Момче од две години со постара сестра од 8 години и новородено братче нема да биде средно дете туку ќе ја преземе улогата на првородено дете.
Посвојувањето деца игра голема улога во креирањето на личноста. Колку е детето помладо за време на посвојувањето, толку е подобро, бидејќи ќе поминува повеќе време со родителите, братот или сестрата. На пример, првороденото дете од една година кое е посвоено во семејство со четиригодишна сестра најверојатно ќе ја преземе улогата на „бебе“, иако е првородено.
Редоследот на раѓање кај родителите
Голема улога игра и позицијата на родителите во редоследот на раѓање. Родителите потсвесно се поистоветуваат со детето кое зазема иста позиција како нив. Таткото кој е роден последен сигурно ќе биде потолерантен кон неговото последно дете, додека мајката ќе мисли дека детето е несериозно и разгалено.
Родителите кои се родени први се, исто така, перфекционисти и им поставуваат на децата цели кои тешко се достигнуваат. Тоа децата може да ги направи незадоволни или несреќни.
Кое дете по ред сте родени и какви карактеристики имате?