Како да ги исчистите замрзнатите скали?
Во снежните и зимски денови на скалите пред куќата или зградата многу брзо се формира слој на мраз, па неретко скалите се најопасното зимско место низ кое може да поминете.
Ако не сакате да се соочите со паѓање, пукнатини и скршеници, погледнете како можете да се ослободите од мразот кој секоја вечер се формира на скалите.
Детергент за садови
Помешајте 2 литри млака вода со лажица детергент за садови и 30 ml 70-процентен алкохол. Течноста пресипете ја во шишенце со распрскувач и испрскајте ги скалите пред влезот.
Мразот брзо ќе се растопи, а нов слој веќе нема да се формира.
Сол и песок за мачка
Солта, без разлика дали е крупна или ситна е најлесниот начин да се изборите со мразот. Само пропрскајте ја по мразот и оставете да делува. Не е баш уредно, но е делотворно.
Солта може да ја промешате и со песок за да го спречите лизгањето. Сепак, внимавајте доколку имате дрвени скали. Подобро би било по нив да истурите мелено кафе, кое го има истиот ефект.
Сода бикарбона
Содата делува речиси исто како и солта, затоа што содржи натриум во потребните количини. Истурете ја по скалите, па преку неа истурете малку песок.
Постапката можете да ја повторите кога и да посакате.
Во снежните и зимски денови на скалите пред куќата или зградата многу брзо се формира слој на мраз, па неретко скалите се најопасното зимско место низ кое може да поминете.