Проверете зошто ова е најубавата улица на светот
Rua de е улица во Порто Алегре, најголем град во Бразил и главен град на државата Rio Grande do Sul. Заградена од двете страни со високи листопадни дрвја, кои прават долг зелен тунел меѓу високите сиви згради.
Оваа улица е позната како најубава улица во светот која има и корисна функција и го штитат градот од големото сообраќајно загадување.
Во должина од 500 м има над 100 дрвја кои се високи до седмиот кат на околните згради. Овие дрвја се насадени околу 1930-тата година од страна на вработени во една германска фабрика во околината.
Во 2005 година управата на трговскиот центар кој се наоѓа во близина го презема ризикот за да направи промени на оваа улица и да ги мобилизира граѓаните.
Кампањата беше успешна и на 5 јуни 2006 година градоначалникот José Fogaça се согласи улицата Goncalo de Caravalho да биде исориски, културен и главен центар на градот.
Фотографите на улицата постојано циркулираат во групи, а тунелот од дрвја е вистинска популарна атракција.
Во 2008 година од страна на еден португалскиот блогер е прогласена за најубава улица во светот, а подоцна се објавени и многу интернационални публикации за неа.