Колку животи имaат крадците од „Сам дома“? (видео)
Сте се запрашале ли некогаш колку животи му се потребни на вашиот јунак од некој филм за навистина да ги преживее сите незгоди што му се случуваат во сцените?
Особено оние филмови кои ни се интересни и смешни, токму во нив има најопасни сцени кои доколку би се случувале во реалниот живот сигурно би завршиле со страшни повреди или смрт.
Како еден од најинтересните го издвојуваме „Сам дома“ каде малото момче им предизвикува бројни незгоди на двајцата разбојници, поставувајќи им стапици.
Често паѓаат од голема висина, се повредуваат на незгодни делови од телото и главата, предизвикуваат експлозии и електро шокови кои сигурно би ги одвеле во смрт, доколку тие сцени се случуваат во реалниот живот.
Во ова видео може да ги погледнете сите сцени и повредите кои ги предизвикуваат, анализирани од страна на доктор кој укажува на последиците и резултатите.
Неверојатен е податокот дека токму во овој филм има 23 сцени кои предизвикуваат сигурна смрт.