Што сонувавте вчера? Проверете го значењето!
Сигурно некогаш сте се разбудиле од сон во кој сте се појавиле голи во јавност, сте паднале на испит или сте задоцниле на работа. Еве го значењето на овие најчести соништа.
Соништа за паѓање или потонување
Овој тип соништа е еден од најчестите, а се поврзува со митовите според кои во сонот може да се умре ако паднеме или се удавиме. Обично во сонот се јавува страв, но не секогаш. Толкувачите на овој сон велат дека ако го сонувате тој сон мора да ја процените моменталната ситуација во вашиот живот. Веројатно не се чувствувате сигурно или ви недостига поддршка, а сонот често се јавува како последица на нови ситуации или чувства.
Голотија во јавност
Во овој сон луѓето се делумно или целосно голи, а може да се чувствува и непријатност или срам пред другите, но и чувство на слобода или гордост. Сонот открива дека во реалниот живот се чувствувате откриено и ранливо или дека ви е страв да откриете премногу за себе и тоа да го злоупотребат другите. Често се јавува кај важните случувања во животот, како венчавка, развод или промена на работното место.
Расипани заби или нивно паѓање
Соништа за забите се прилично чести, а посебно се страшни оние за испаѓање на забите. Според некои толкувачи на соништа, забите се поврзуваат со мала самодоверба и страв дека во реалниот живот сте непривлечни или непосакувани. Во подлабокото значење се крие чувството за губење моќ или срам.
Прогонување
Соништата во кои некој нè лови може да биде страшно искуство и вистинска ноќна мора, а прилично се чести. Ловецот може да биде некој познат или непознат, животно или дух. Значењето на овој сон е дека вас во вистинскиот живот некој или нешто, покрај сопствените чувства, ве загрозува. За да откриете кои ве прогонува треба да се запрашате од кого чувствувате закана во реалниот живот.
Болест или смрт
Во овој сон некој ваш близок или самите вие боледувате или умирате. Тоа е релативно чест сон кој се појавува поврзано со стравовите од можни болести или загуба на близок во реалниот живот. Овој сон може да се сфати како предупредување и потсетување за да водите подобра грижа за здравјето. Алтернативно, некој друг ако умира во вашиот сон претставува дел од вашата личност која исчезнува поради вашите животни промени.
Доцнење
Доцнење на пат, на работа или на важен настан е чест сон кој пред сè означува фрустрација и беспомошност, отколку страв. Означува страв од загуба на доверба кај другите, сомневање во личните способности, размислување за неуспехот. Најчесто се јавува пред носење важни одлуки.
Паѓање на испит
Овој сон се јавува во текот на целиот живот, неповрзано колку долго време поминало од школувањето. Постојат неколку сценарија за сонот, дали сте неподготвени за испитот, доцните или не можете да пронајдете место каде се одржува, значењето е секогаш исто. Толкувачите на соништата кажуваат дека тоа е резултат на чувството за тестирање во вистинскиот живот. Како некој го оценува вашето однесување на работа или во љубовта.
Расипани предмети или апарати
Компјутер, мобилен телефон или друга опрема која не работи е чест мотив во соништата. Според толкувањата, тоа означува страв од изгубен допир со стварноста или дека нешто во вашиот живот не функционира како што треба. Може да се јави и како загриженост поврзана со некој кој ви се допаѓа и стравот од одбивање.
Проблеми со автомобилот
Без разлика дали на вашиот автомобил му откажале кочниците, не може да се запали или сте изгубиле контрола над воланот, сонот симболизира нешто што би требало во својот живот да поправите, бидејќи чувствувате дека поради тоа не можете да продолжите понатаму и да ги остварите своите цели.
Изгубени или заробени
Овој сон обично се јавува после некој конфликт или караница во реалниот живот, особено ако сте донеле некаква одлука во врска со тоа. Сонот за заробеност всушност е пример за чувство на беспомошност, а ве наведува на преземање контрола и донесување важни одлуки.