Нема да погодите од што изработени овие уметнички дела
Ли Хонгбо од Пекинг е поранешен издавач на книги кој прави неверојатни и навистина оригинални дела.
Никогаш не би можеле да погодите од што се изработени неговите статуи.
Кога ќе ги погледнете белите бисти на маж и жена, прво ќе помислите дека се од мермер. Но, се работи за сосем друг материјал.
Некогашниот издавач на книги одлучил да се обиде како уметник, користејќи го знаењето стекнато за време на неговата издавачка дејност.
Бистите, всушност се направени од хартија со помош на специјална техника која се користи за за изработка на украси на кинеските свадби.
Благодарение на тоа може да се развлекуваат, виткаат, а потоа повторно да се вратат во првобитниот облик.
Оваа идеја Ли ја добил додека како издавач размислувал која хартија за која книга е соодветна.
Направил навистина маестрални дела.
Погледнете како ги изработува и како изгледаат