Изневерените се одмаздуваат
Да, чувството личноста што ја сакаш да те изневерува зад грб навистина боли. Постојат два типа на соочување на неверство - едното е сожалувањето кон...
... самите себе, другото е планот за одмазда за онаа личност која не направила да се чуствуваме ниско. Но, овие луѓе одлучиле од "лимон" да направат "лимонада".
Ви ги претставуваме топ 10 одмазди на изневерените мажи и жени.
1. Идната невеста објави постери од нејзиниот поранешен вереник
Разлутената вереничка го откачи своето момче ден пред нивната венчавка, откако фатила фотографија на фејсбук како главата на нејзиниот иден маж се наоѓа помеѓу градите на некоја друга девојка. Бесната вереничка именувана како Валерија А, дојде до брилијантна идеа - залепи постери од својот поранешен вереник насекаде низ Рим.
На постерот може да се види фотографијата од неверникот Антонио, која е превземена од неговиот профил на фејсбук каде јасно се гледа неговата глава меѓу градите на непозната девојка.
"Фала му на Бога што постои фејсбук! Барем открив дека си никаква свиња пред свадба! Потпишана, твојата поранешна предадена невеста, и 548 гости од нашата свадба", напиша 28-годишната Валерија.
2. Бесната жена која ги стави на аукција кондомот од нејзинот неверен маж и гаќичките од љубовницата
Австралијанка реши да се одмазди на неверниот маж на тој начин што објави фотографии од долната облека на љубовницата на мажот за продажба на аукцискиот сајт eBay. Во објаснувањето стои дека таа продава фотографија од пар на црни гаќички и празен кондом (кој е инаку "мал број") најден во нејзиниот кревет откако мажот имал афера со друга жена.
3. Мажот кој продаде 200 секси фотографии од својата неверна жена
Изнервиран маж продаде околу 200 секси фотографии од својата неверна жена, повторно на eBay. Мажот понудил CD со слики од 24-годишната плвушата Линси по 6 евра секоја. Сите слики биле распродадени во рок од 24 часа.
4. Измамениот маж кој ја стави својата жена на аукција на eBay
Маж од Англија, можеби пронајде еден нов начин на употреба на eBay - ставање на својата лажлива жена на аукција. Тој понудил листа од својата "лажлива, неверна и никаква жена" на својот надобар понудувач. Линкот од оваа аукција прошета насекаде по интерент.
По оваа случка, жената ги отфрлила сите обвинувања дека изневерувала, а полицијата го истражила Пол за малтретирање. Сепак аукцијата за жена му на Пол на eBay достигна околу 500000 евра.
5. Жената која објави бесно видео, откако била избркана од својот поранешен маж
Во бесното видео објавено на Youtube, со околу 3.500.000 пати прегледаност, поранешната актерка Триција Волш-Смит го изразува својот гнев кон својот веќе поранешен маж Филип Смит, претседател на организацијата Шуберт - поседувач на најголемиот театар во Бродвеј.
Таа го листа албумот од нивната венчавка, опишувајќи ги членовите на семејството како "лоши, злобни или никакви", и зборува за за нивниот интимен живот и за тоа како Филип ја отфрлил од нивниот луксузен апартман. Видеото беше прво од многуте кои ги снимила, а можеби и првото најгледано видео за одмазда на интернет.
6. Жената која реши да ги продаде сите работи од мажот
Жената која реши да го продаде сите работи на својот маж, нарекувајќи го овој ден "Ден на независноста".
7. Жената која и достави на љуовницата на мажот т.н. Craiglist
Листата насловена како "Ти благодарам Џенифер" беше напишана од многу лута жена и испратена до љубовницата на нејзиниот веќе поранешен маж, каде се опишани неговите економски и сексуални проблеми.
"Па ти благодарам Џенифер за вчерашната глупава и пијана вечер, кога си била со маж ми и си оставила свои траги - гризнатини по неговите гради, и затоа што ми покажа дека 11 години брак и 2 деца не се многу за тебе! Ти честитам на добро освоениот маж"
8. Германец кој по разводот, ја подели куќата на два дела со моторна пила
43- годишниот германец одлучи да се справи со разводот на тој начин што ќе ја подели нивната семејна куќа на 2 дела, и тоа со моторна пила. Откако ја завршил работата, германецот си ја собрал својата половина со камион за пренесување на тешки материјали и делови и ја довозел до куќата на својот брат, каде живее и ден денес.
9. Жената која направи уметничко дело од автомобилот на својот маж
... Класика
10. Жената која ги изнесе работите на својот маж пред нивната куќа
... и тоа во количка. Добро осмислено!