Водич за отстранување на празничните дамки

Празничните забави и вечери задолжително завршуваат со тврдокорни дамки кои е прилично тешко да ги исчистите. Но, за секој проблем постои и решение...

vodic-za-otstranuvanje-na-praznicnite-damki-01

Сос од месо

Негативната страна на вкусниот месен оброк е тоа што по него остануваат масни и темни дамки. Ако и вие се соочувате со тој проблем, со мека крпа и вода отстранете што повеќе можете од дамката, а потоа втријте малку течен детергент. Оставете ја ткаенината преку ноќ да отстои во топла вода. Следниот ден исперете го материјалот во машина за перење на висока температура.

Чоколадo

На дамките од чоколада доволно е само да нанесете детергент и да перете на висока температура. Слободно користете и средства за дамки кои не ја уништуваат бојата.

Шумско овошје

Сосовите и кремовите на база на шумското овошје се ноќна мора за секоја домаќинка. Отстранете ги така што покрупните остатоци ќе ги отстраните внимателно, со мал сунѓер, а потоа ткаенината потопете ја во литар вода во која ќе помешате 1 лажица бел оцет и половина лажица течен детергент. Потребно е да отстои најмалку 15 минути во оваа течност пред да ја исперете ткаенината.

Восок

Дамките од восок многу полесно ќе ги отстраните ако најпрво ги стврднете со коцка мраз, а потоа со нож отстранете ги. Потоа, над и под дамката поставете тоалетна хартија и притиснете со топла пегла. Држете ја пеглата се додека хартијата не го впие целиот восок од ткаенината.

Црвено вино

Дамката од вино најпрво исчистете ја со крпа, а потоа потопете ја во ладна вода или безбоен алкохол и исперете со оцет или кисела вода. Ако ткаенината не е премногу деликатна, можете да ставете и сол, да ја оставите неколку минути, па да ја измиете со вриена вода.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg