Со драстичната трансформација ги шокираше своите родители (видео)
Лукас Ирвин е младо момче кое изминатава година напорно работело на себе, а и на божиќниот подарок кој сакал да им го подари на своите родители.
На почетокот на 2013 година, Лукас тежел 136 килограми. Со помош на голема самоконтрола и посебен начин на исхрана, тој решил дека сака да го промени начинот на живот и целосниот изглед.
Тоа му се чинело како совршен новогодишен подарок за самиот себе, но и за своите родители.
На 28 декември започнал да води дневник на исхрана, за една година подоцна да ослабе речиси 60 килограми.
По цела година тајно држење диети и драстични промени на физичкиот изглед, тој конечно им го открива божиќниот подарок на своите родители. Реакциите се бесценети!