3 пијалаци против мамурлакот кои делуваат инстантно
Периодот на греено вино, ракија и жестоки пијалаци штотуку почнува. Празниците се идеални за славење, но денот потоа знае да биде вистинска мака.
За да ја избегнете главоболката и мачнините во стомакот, погрижете се постојано при рака да имате барем еден од овие 3 пијалаци.
1. Спрајт - Кинеските истражувачи кои испробувале дури 57 различни видови пијалаци со цел ублажување на мачнините во стомакот, заклучиле дека Спрајтот позитивно се издвојува од сите останати. Газираниот сок со вкус на лимон и лимета е хемиски најпогоден за разградување на состојката која го предизвикува мамурлакот.
2. Енергетски пијалаци - Енергетските пијалаци содржат 3 важни компоненти клучни во борбата против мамурлакот - минерали, јаглехидрати и вода. Доколку при рака немате енергетски пијалак, можете сами да го направите. Промешајте сок од портокал и вода (во однос 50:50) и додајте малку сол.
3. Вода - Звучи премногу едноставно за да биде вистина, но помага. Пијте ја во текот на прославата, вечерта и утре дента. Газирана, обична, со вкусови - изборот е ваш.