„Шанел“ отвори бутик во срцето на француско скијалиште (фото)
Секоја година „Chanel“ поп-ап бутиците летно време се отвораат во Сент Тропе, но популарната модна куќа презимува во монденското скијачко гратче Корчевел.
Ова е веќе четврта зима во која „Chanel“ ја отвора својата врата за скијачите кои се желни за луксуз и добар шопинг, а бутикот е разделен на 4 соби уредени во 4 различни стилови и бои.
Три соби ги претставуваат ready-to-wear парчињата облека и модните додатоци од колекцијата, додека четвртата соба е претворена во рај за чевли.
Во излозите се поставени најубавите парчиња накит и часовници од колекциите Jardin de Camélias и Sous le Signe du Lion.
Така, може да се разгледаат и да се пробаат новитетите од новата Chanel Mademoiselle Privé колекција, а секој скијач таа можност ја има до април кога официјално завршува скијачката сезона во овој град.
Вистинско задоволство за зависниците од модата и шопингот е да имаат ваква можност дури и на планина. Во скијачки центар, кога колку и да сакаат да избегаат и да се одморат од сето тоа, „Шанел“ секогаш знае како да ги освои.
Разгледајте ги најубавите зимски излози: