Фенг шуи совети за успешна 2014 година
Сите празници, особено божиќните и новогодишните се време на собирање на семејството и блиските. Веројатно сакате својот дом и атмосферата во него да ја направите поубава, а во тоа најдобро може да ви помогне фенг шуи.
Ова се некои од советите:
- Елката поставете ја наспроти влезот во домот. На тој начин ќе си обезбедите подобри семејни односи.
- Елката и украсите на неа ако може нека бидат природни
- Не ги избегнувајте светкавите украси. Огнот симболизира слава и углед, а светилките симболично го претставува огнот.
- За да го подобрите здравјето божиќната ѕвезда или некое друго живо цвеќе засадено во земја ставете го на средина на просторијата.
- Украсните ангели ставете ги лево од влезната врата. На тој начин ќе ја обезбедите помошта од драгите луѓе.
- Во десниот агол спротивен на влезната врата ставете две мирисливи свеќи. На тој начин ќе си обезбедите многу љубов и разбирање. Најдобри бои за свеќите се жолта, розева и црвена.
- Освежете го домот со свежи и пријатни мириси.
- Зад вазата со цвеќе поставете украсно огледало за убавината да биде двојна.
- Главните светилки не би требало да бидат премногу силни.
- Додајте перничиња или некои други кружни предмети кои ќе овозможат проток на позитивната енергија.
- Поканете парен број гости.
- Драгите луѓе не треба да седат во близина на вратата. Оној кој седи прв до влезот, тој прв си заминува.
- Дозволете им на децата да уживаат. Не им викајте и не им забранувајте да се опуштат.