5 брзи начини да се ослободите од мирисот на цигари

Пушењето во затворени простории остава доста непријатен мирис кој се лепи за облеката, завесите и мебелот. Ако и вас ви пречи облакот од чад штом гостите си заминат, испробајте ги следниве неколку трикови.

5-brzi-nacini-da-se-oslobodite-od-mirisot-na-cigari-01

Оцет и јаглен

Јагленот и оцетот ги неутрализираат сите непријатни мириси. Во неколку садови истурете малку оцет или ставете парчиња активен јаглен и поставете ги во просторијата. Ако имате деца или миленичиња, садовите поставете ги на недостапни места.

Парфем

Испрскајте малку парфем на оладената сијалица, а потоа запалете го светлото. Штом сијалицата се загрее, просторијата ќе се исполни со пријатен мирис.

Омекнувач за облека

Ако почувствувате дека вашите ракавици, капи и шалови впиле мирис на цигари, а планирате да ги носите, најпрво оставете ги неколку часа на свеж возух. Потоа, заедно со омекнувач во облик на марамче или миризлива кесичка, нека отстојат во затворена пластична кутија.

Миризлив песок

Во пепелникот посипете малку обичен или миризлив песок кој целосно го отстранува мирисот од отпушоците. Дури може и да користите песок за мачки.

Сода бикарбона

Навечер, пред спиење, истурете малку сода бикарбон на тепихот, гарнитурата и ќошињата на просторијата. Наутро добро исчистете ја со правосмукалка.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg