Реплики на вистински куќи претворени во птичји куќички (фото + видео)
„Секој патник заслужува дом“ е главното мото на новата маркетинг кампања на агенцијата за изнајмување, „Airbnb“.
Водејќи се според оваа порака тие конструирале 50 куќички за најслободните патници – птиците.
Секоја куќичка е реплика на вистинска куќа која тие ја имаат изнајмено на некои луѓе – патници.
Креирани се од страна на рекламната агенција „Pereira & O`Dell“ заедно со група талентирани уметници на минијатури. Овие специјални куќички ќе бидат поставени во Auduborn Park во Њу Орлеанс до 22 декември.
Идејата и целта на оваа кампања е да се прикаже слободата на летањето и на патувањето. Да им се овозможи на вистинските патници да се чувствуваат добредојдени каде и да се во светот.
Чувството на топлина и внимание на секој детаљ овозможуваат навистина секој да се почувствува како да е дома.
Со ова тие пренесуваат порака и покана за да не престане патувањето, слободата, движењето и дружењето.
Погледнете ги фотографиите и видеото: